Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веројатно сте слушнале за тимот Луч Енергија – клуб од Русија кој со години му создаваше главоболки на прволигашите и фаворитите.
Тимот на Луч беше прволигаш, а пред неколку години се шпекулираше дека целата руска лига се здружила – само да го исфрлат клубот во подолен ранг.
Причината е, верувале или не, од географска природа. Имено, овој тим е од Владивосток, град кој е буквално „на крајот на светот“, поточно на границата со Јапонија.
Оние кои ја следат Руската лига знаат дека Луч своите натпревари ги игра во раните утрински часови по наше време. Во Русија се шегуваа дека подобро е Луч да се натпреварува во Јапонската лига, но тие беа упорни и со години се држеа меѓу елитата.
Сега се наоѓаат во големи финансиски проблеми, клубот нема пари па му се заканува банкрот, а играчите се исфрлени од своите станови и букнално немаат што да јадат.
Руските медиуми пренесуваат дека играчите на Луч живеат во клупскиот тренинг центар, а навивачите доаѓаат секој ден и им купуваат храна.
„Уморни сме од се, не можеме да живееме вака. Клубот нема пари, на гостинските натпревари стигнуваме 30 минути пред почетокот“, изјави играчот за врска, Малак.
Меѓутоа, и покрај сложената и тешка ситуација, во тимот се случуваат чудни работи. На последните два натпревари Луч е „поклон за обложувателите“. Имено, против Динамо водеа со 2:0 на полувреме, а на крајот загубија со 3:2. На претходниот натпревар губеа 2:0, а на крајот победија со 4:2…моментално се на дното на табелата во втората лига.