Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Уште еден поразителен фактички статистички податок кој само дополнително ги зацврстува причините поради кои Македонија во последниве десет години бележи значителен одлив на млади во странство.
Само 12 од запишани 100 студенти по завршувањето на студиите работат според своето образование, покажува анализата на непрофитната организација „Македонија 2025“. Целосна реформа во образовниот систем, градење на доверба меѓу работодавачите и барателите на работа, практичко учење на учениците и студентите се дел од заклучоците кои државата мора итно да ги спроведе за да се намали јазот меѓу побарувачката и понудата на пазарот на труд, пренесува Алсат-М.
„Работодавачите да бидат поактивно вклучени во креирање на наставни програми, мора да се подобрат информациите кои што ги добиваат младите лица кога одлучуваат што ќе студираат тоа е уписна политика, преку неа може многу да се влијае на иднината, и мораме да го зголемиме она што го велиме учење преку работа или практична компонента“, рече Никица Мојсовска-Блажевски- извршен директор на „Македонија 2025“.
На годишно ниво, има отворени 18.000 работни места но загрижува фактот што од нив 80 отсто се за потполнување на испразнетите места, а не за отварање на нови работни места.
„Постои голема недоверба помеѓу работодавачите и барателите на работа и се укажа дека е неопходно уште на почетокот јасно да се дефинира што точно невработениот ќе работи, но со јасни односи потпишани и само на тој начин ќе се обезбеди да не им се помага само невработените да се вработат туку и да имаат претстава како ќе заработуваат во текот на работата“, рече Ристо Иванов- претседател на „Креација“ здружение на бизниси и консултанти.
Главната порака на учесниците на денешната прва сесија посветена на поглавјето 19 од Европската комисија, кое се однесува на социјалната политика и вработување е дека земјава треба уште многу да работи за да ги исполни препораките. Неопходно е власта, синдикатите и работодавачите постојано да се во комуникација и со заеднички решенија да го подобруваат пазарот на труд.