Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Холивудската актерска легенда кој има маестрално има одиграно еден куп улоги во култни филмови и освои безброј награди Џек Николсон не ја напушта вилата на Беверли Хилс.
Пред две години беше откриено дека холивудската легенда Џек Николсон (84) боледува од деменција и дека „физички е добар, но психички не“.
По оваа вест, актерот последен пат беше виден во јавноста на кошаркарскиот натпревар на ЛА Лејкерс пред две години, кога се сликаше со навивачите и даваше автограми. Во тоа време тој беше во друштво на својот син кој го следеше во чекор. Сега американските медиуми пишуваат дека оскаровецот „може да умре во самотија бидејќи ретко се гледа со други луѓе“.
Таткото на пет деца, наводно, поголемиот дел од времето го поминува дома во неговата вила на Беверли Хилс, повремено придружуван од своите деца.
„Џек е во контакт со одредени роднини, особено со Реј, неговиот штитеник, со кој се гордее, но неговите денови на дружење одамна поминаа“, изјави извор за Радар онлајн, мислејќи на 30-годишниот син на Николсон.
„Неговите деца го посетуваат, но тие се неговата единствена врска со светот“, продолжи изворот. Како да не сака повеќе да се соочи со реалноста и тоа е толку тажно“.
Некои од попознатите улоги ги играше во филмовите „Кинески град“, „Сјаење“, „Летот над кукавичкото гнездо“, „Неколку добри луѓе“, „Бетмен“ и многу други. Последен пат глумеше во 2010 година во романтичната комедија „How Do You Know Love“ со колегите Рис Витерспун, Фил Руд и Овен Вилсон.