Тато чести: Ќерката од Флојд Мејведер за Божиќ доби Mercedes-Benz G63


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Светски познатиот боксер Флојд Мејведер ја изненади својата 19-годишна ќерка Лијана со луксузен примерок од Mercedes-Benz G63 како подарок за Божиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Iyanna Mayweather (@moneyyaya) on

Позитивно шокираната ќерка објави фотографија од своето ново милениче на InstaStory каде што му се заблагодари за подарокот на својот татко, боксерска легенда Мејведер.

Лијана е најстарото дете на Мејведер, кој има уште три деца – Сион, Кораун и Џaир. Сите веќе добиле скапи автомобили од нивниот татко. Сион го доби својот Mercedes C Class Coupe за неговиот 16-ти роденден во 2017 година.

Но, и Мејведер сакал да се почести, па така на Инстаграм објави дека си купил нов Bentley овој Божиќ додека во колекцијата веќе има голем број луксузни возила, меѓу кои и пет Rolls-Royce автомобили, пишува The Sun.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Floyd Mayweather (@floydmayweather) on

Мејведер и официјално се повлече од рингот во 2017 година, откако во седум кола го совлада Конор Мек Грегор. Минатата година се врати на еден натпревар, во кој го разби јапонскиот кикбоксер Теншина Насукаву.

Минатиот месец на Инстаграм, тој, сепак, објави дека ќе се врати од пензија во 2020 година за „спектакуларен настан“.