Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тејлор Свифт се нашла среде семеен скандал откако од наслови и статии во весниците дознала дека нејзиниот татко Скот Свифт заработил 15 милиони од продажбата на нејзините авторски права, пишува Дејли Меил.
Во јавноста беше објавено дека во 2019 година, нејзиниот татко ги продал нејзините авторски права за каталог на песни на музичкиот менаџер Скутер Браун, заработувајќи 15,1 милиони долари.
Во тоа време, Браун ја купил својата Big Machine Label Group од тогашниот сопственик Скот Боршет за 330 милиони долари. Нејзиниот тим тогаш тврдеше дека таткото не знаел за договорот и не можел да предвиди дека тоа ќе се случи.
„Тејлор за сето тоа дозна од написите во весниците кога се разбуди пред да ја види пораката на Скот Боршет“, рекол извор близок до пејачката.
Да потсетиме, пејачката се наоѓа на листата на Форбс на 10 најплатени ѕвезди во светот. Свифт заработила 317,8 милиони долари во последните осум години, а нејзиното богатство се проценува на 740 милиони долари.
По објавувањето на албумот Midnights, таа стана првиот изведувач во историјата која ги освоила сите топ 10 места на топ-листата на Billboard’s Hot 100 Songs.