Таткото на Хабиб во тешка здравствена состојба поради коронавирусот – МекГрегор се моли за него


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Таткото и истовремено тренер на хабиб Нурмагомедов, актуелниот UFC шампион, Абдулмапан Нурмагомедов се наоѓа во тешка здравствена состојба поради зараза со коронавирус, пренесува Русија Бијонд.

Поддршка кон семејството Нурмагомедов поради оваа ситуација упати и ирскиот борец во мешовити боречки вештини Конор МекГрегор, познат и како лут ривал на Хабиб со кој не се трпат многу во рингот.

„Се молам за оздравување на Абдулмапан Нурмагомедов. Човекот кој воспита огромен број шампиони на светот во сите боречки дисциплини“, напиша Мекгрегор на „Твитер“.

„Многу ме растажи веста што ја слушнав вечерва. Се молам за семејството Нурмагомедови“, додаде Ирецот.

Абдулмапан Нурмагомедов првин беше згрижен во болница во Дагестан поради сомневање за запаление на белите дробови, а кога состојбата се искомплицира, беше префрлен во Москва. Според информациите кои неименуван извор ги соопшти за порталот „Спорт-Експрес“, Нурмагомедов постариот паднал во кома.

„Абдулманап се наоѓа во многу тешка состојба, поточно, тој е во кома. Овде (во Дагестан) не го лекуваа добро, состојбата се искомплицира. Префрлен е со авион и во овој момент се наоѓа во воена болница во Москва. Таму е сам, на членовите на семејството не им е дозволен влез“, рече изворот.

Меѓутоа, според најновите информации што ги га објавива телеграм-каналот Baza, таткото и тренер на рускиот борец во мешовити боречки вештини (ММА) Хабиб Нурмагомедов не е повеќе во кома.

Без оглед на информациите за кома што се појавија на социјалните мрежи, Нурмагомедов постариот се наоѓа во стабилна, иако тешка состојба. Тренерот на рускиот борец навистина беше во кома пред неколку дена, но успеа да излезе од таа состојба. Како што се истакнува, познатиот тренер се лекува во една од клиниките во Подмосковјето.

Абдулманап Нурмагомедов воспита 18 спортисти-прваци на светот. Конор МекГрегор беше еден од противниците на Хабиб во борбата за титулата шампион на UFC. Есента 2018 година тој ја изгуби од рускиот спортист.