Таткото на Бојаџи меѓу уапсените за препродавање на артефакти: Портпаролот на МВР демантира поврзаност со филмот „Ругање со Христос“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Таткото на режисерот на контроверзниот филм кој вчера ја имаше својата премиера, „Ругање со Христос“, Јани Боаџи е уапсен поради сомнение за сторено кривично дело со културно наследство и природни реткости.

Кривична пријава вчера е поднесена против 14 лица, од кои 13 се приведени, а по последниот се трага се уште. Акцијата е поднесена од Одделот за сузбивање на организниран криминал и корупција. Ова го истакна денес портпаролот на македонското министерство за внатрешни работи, Тони Ангеловски, кој додаде дека групата била составена од членови од Скопје, Велес, Струмица, Радовиш, Тетово, Струга и Битола.

Пријавените ископаните археолошки предмети од непроценлива вредност на повеќе археолошки локалитети низ повеќе локации во државата меѓу кои Струмица и Велес ги продавале на заинтересирани лица од странство, од Албанија, Турција и Грција.

Филмот на Јани Бојаџи, предизвика низа контроверзии па Министерството за култура оцени дека е скандалозен, со оглед на тоа дека ги навредува чувствата на Албанците. Оттаму, Ангеловски на денешната прес конференција ја демантираше поврзаноста на апсењето на таткото на режисерот, со вчерашната преимиера на филмот.

” Апсолутно отфрлам какви било поврзаности. МВР го спроведува законот, секој кој сторил кривично дело ќе одговара за тоа без разлика дали е нечој син, ќерка, татко. На оваа акција се работеше повеќе од една година”, рече портпаролот на МВР.