Таткото кој со клоци и боксови си го уби тримесечното бебе доби 20 години затвор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


45-годишниот Суад Бајрам од Скопје, обвинет дека си го уби сопственото тримесечно бебе доби затвор од 20 години.

Основниот кривичен суд Скопје денес го огласи за виновен за кривичното дело убиство при вршење на семејно насилство. Бајрам призна дека го сторил убиството и пред судиите изразил жалење и каење за стореното, пренесува Мкд.мк.

Но, вчера по изречената казна затвор од 20 години тој негодуваше дека тоа се многу години затвор и кажа дека очекувал помала казна бидејќи, како што рече, немало сега кој да се грижи за другите 3 малолетни деца. Бебето почина поради повреди и крварење во мозокот од ударите на таткото, а убиството се случи пред очите на другите малолетни деца.

Во судница иако прашан дали има нешто да додаде, рече дека нема што да каже, но во судскиот ходник ја побара адвокатката која го застапува и се пожали дека 20 години затвор за делото кое го сторил е многу висока казна и дека бил подготвен на добие казна, но малку пониска, односно барем 15 години.

„Дваесет години затвор е многу висока казна. Јас сега има 45 години и до кога ќе седам во затвор? Имам уште 3 малолетни деца и за нив нема кој да се грижи. Мислев помала казна ќе добијам”, и се пожали обвинетиот на адвокатката.

Фотографија: Роберт Атанасовски