Татко и неговиот осумгодишен син егзекутирани кај село Слупчане


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Синоќа, во автомобил „Опел Астра“ со скопска регистрација, во близина на селото Слупчане биле егзекутирани 47-годишниот Е.С. од Опае и неговиот осумгодишен син. Нивните беживотни тела биле пронајдени синоќа во 22:40.

„Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во близина на с. Слупчане каде синоќа беше пронајдено возило кон кое биле истрелани повеќе куршуми. На увидот беше констатирано дека од близина е пукано во патничкото моторно возило во кое се наоѓале две лица, возач и неговото осумгодишно дете. Двете лица биле смртно повредени и починале на лице место.

По насока на надлежен јавен обвинител, увидната екипа на Министерството за внатрешни работи ги обезбеди и подигна трагите од лице место и истите ќе бидат предмет на натамошно вештачење. Пронајдени се и подигнати поголем број испукани чаури преку чие вештачење се очекува да се утврдат битни факти во предметот. Ќе биде извршено вештачење и на возилото на кое се видливи повеќе траги од напад со огнено оружје“ соопштија од Обвинителството.

Телата на починатите се предадени на обдукција.