„Таргет“ – нова истрага на СЈО за случајот со незаконските прислушувања


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Специјалното јавно обвинителство објави дека незаконското прислушување се спроведувало преку три различни системи. Со операцијата Таргет се осомничени десет лица, поранешни но и актуелни вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање.

Прво осомничениот кој бил на раководна позиција во Управата за безбедност и контраразунавање давал наредби за следење на политичката, бизнис и новинарската фела во Македонија.

Второосомничениот, во координација со првоосомничениот, но и самостојно го организирал процесот на прислушување.

Тој бил запознаен со сите имиња и лозинки за следење и освен што давал наредби и самиот внесувал телефонски броеви за кои немало судски наредби.

Постои основано сомнение дека третоосомничената, постапувајќи по наредби на второосомничениот, постапувајќи спротивно на законите и без судски наредби за одредени телефонски  броеви, проследувала телефонски броеви кои требало да бидат следени“ – изјави обвинителката Фатиме Фетаи.

Дополнително  вршено е транскриптирање на разговорите.