Таравари: Згрoзен сум од лошата хигиена во македонските болници


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Хигиената е најслабата точка во здравството вели министерот за здравство Арбен Таравари. Тоа го заклучил во овој период додека е министер.

Згрозен сум од ова што го гледам, рече Тарави на денешниот брифинг со новинари.

Тој најави дека преку невладина организација се очекува во најбрз временски период да стигнат чарашафи, перници и ќебиња, а во исто време ќе се навауваат и преку јавна набавка.

Инаку, се разгледува можноста да се ангажираат и надворешни фирми кои ќе ги оддржуваат здравствените установи за да се избегне интрахоспитални инфекции. Услов би било овие надворешни фирми да ги вработат хигиеничарките кои сега работат во здравствените установи.

Таравари најави и дека се разгледува можноста да се направи личната и здравствената картичка да бидат една картичка, но тоа би се реализирало за две до три години.