Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Цело здравство е партизирано, секоја болница, на секое ќоше, тврди во интервју за Фокус, министерот за здравство Арбен Таравари, тврдејќи дека лекарите на тој начин не можејќи да трпат неправди, се демотивираат и носат одлуки да заминат во странство.
Лекарите не можат да гледаат како се вработуваат партиски војници и да трпат неправди. Почнувајќи од чистачите, медицинските сестри, болничарите, лекарите, односно се што се примаше во последните седум години беше по партиски клуч, со чест на исклучоци. Факт е дека се е партизирано, не се избира стручњак што си ја знае работата, туку партиски војник. Не сакам да генерализирам и да тврдам дека во една партија има само лоши лекари. Има и добри и лоши. Мислам дека лекарите, наставниците и судиите мора да бидат најмалку политизирани, односно да ги избереме најдобрите. Јас не викам дека јас ќе успеам се да департизирам, но ќе дадам максимум од себе, лекарите што ќе почнат со работа да бидат експерти во својата област, истакна Таравари.