Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Магли, влага, ситен дожд на периоди и снег денес на меденичките падини од Бистра Планина. Ѕирнете низ неколку фотографии како си помина денес дел од екипата од Taratur.com на Меденица.
Глетката при тргнувањето од галички пат ги најави магловитите и дождести драми кои не очекуваа нагоре.
Поглед на околните врвови и стрмни карпести предели околу Меденица.
Шаренило од влажна почва и снег во прирастопена состојба бидејќи температурите не беа под нулата.
Игра на сонцето и облаците со ветрот како посредник.
Едно време се развидели накај Мавровско езеро
„Гостопримливата“ Меденица не пречека во „елемент“ – со јак ветер и густа магла на врвот.
Еден од поретките моменти при искачувањето на сртестата угорнини кон Меденица кога можевме на кратко поубаво да се видиме каде сме.
На Меденица.
Надолу, после долго слегување од околната страна која води над Говедатник над Галичник, времето веќе се подрасчисти за поздрав.
Фотографија: Александар Војнески