Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Култниот режисер Квентин Тарантино на Филмскиот фестивал во Рим зборуваше за неговите идни проекти, а меѓу другото откри дека сака да сними уште еден филм.
„Сакам да режирам шпагети вестерн во кој сите ликови ќе зборуваат на различни јазици“, рекол режисерот, пренесува Гардијан.
„Филмот ќе биде многу забавен. Ликот на мексиканскиот бандит ќе биде Италијанец, филмскиот херој ќе биде Американец, злобниот шериф Германец, а пејачот во салунот Израелец. Кога едниот ќе заврши со реплика, другиот ќе започне со неговиот монолог“, додаде тој.
Инаку, Тарантино во 2016 година најави дека планира да се пензионира кога ќе го заврши својот десетти филм. „Еднаш во Холивуд“ е неговиот деветти филм, а филмот на кој работи моментално, ќе биде десетти.
Патем, на филмскиот фестивал во Рим, Тарантино ја доби наградата за животно дело.