Home Актуелно Танцувањето со Путин испадна исплатливо за неа

Танцувањето со Путин испадна исплатливо за неа

Во времето кога беше австриска министерка за надворешни работи, во 2018 година, Карин Кнајсл на својата свадба го покани рускиот претседател Владимир Путин, а на свадбената прослава и танцуваше со него. Испадна дека тоа беше исплатлив потег на Кнајсл, која сега е номинирана за нов член на бордот на директори рускиот нафтен гигант Роснефт.

Кнајсл е номинирана од руската влада како независен директор, а ако номинацијата биде одобрена од акционерите таа ќе стане колешка со поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој од 2017 е претседател на бордот.

Таа ја напушта австриската влада во 2019, и од тогаш, меѓу другото, во повеќе наврати коментира теми на руската РТ.

Иако руската држава го намали својот удел во Роснефт на нешто над 40%, таа останува најголемиот акционер, заради што претпоставката е дека номинацијата најверојатно ќе биде прифатена.

Инаку Роснефт најголемиот руски производител на нафта е раководен од Игор Сечин, еден од најлојалните сојузници на Путин.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Кој е сопругот на најпознатата водителка на Дневникот: Претходно не можеше да го поднесе, а сега не може без него ФОТО

Водителката на Дневник, Тања Раѓеновиќ, веќе со години е во складен брак, но нејзиното зап…