Танц Фест 2019 – финална вечер на Танцлаб


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вечерва во МКЦ во 20ч., ќе се одржи финалната вечер на Танцлаб, со изведба на седум кореографии, на Бобан Русески, Бартош Восцински од Полска, Дана Маркус од Израел, Клеменс Џаглет од Франција, Егор Меншиков од Русија, Ана Џекобс од Холандија и Јасмин Систи од Италија.

Вчера вечер, пред полниот салон во Дансинг салата во МКЦ, имаа настап, младите кореографи, кои ги следеше стручно жири во состав: Самуел Вуерстен, генерален и уметнички директор на фестивалот „Holland Dance Festival” и член на бордот на КОДАРТС универзитетот од Холандија, Дидие Дешам, директор на Националниот танцов театар „Шајо” во Париз, Франција, Зао Шји, директорка на интернационалниот фестивал „The New” во Пекинг, Кина и Меххмет Балкан, шеф кореограф на Националните балети на Турција.

На вечерашното финале, се очекува прогласување на победникот на Танцлаб 2019, кој ќе добие „Златна пеперутка” за најдобра короеграфија, што ќе му овозможи создавање на кореографија со Скопје танцовиот театар.