Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во конкуренција од 350 учесници од цел свет на Меѓународниот фестивал на уметностите Les Etoiles De Paris, во Париз, Франција, македонскиот ансамбл „Танец“ под водство на Дарко Илиевски ја освои апсолутната гран-при награда на целиот натпревар. Настапот на „Танец“ бил проследен со аплаузи на отворена сцена, е членовите на ансамблот беа испратени со овации.
Веќе шест децении Танец со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на македонското материјално и нематеријално културно наследство. Наследство, кое како и народниот вез е длабоко врежано во потсвеста на секој македонец.
Националната установа за народни игри и песни ансамбл Танец е формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада на Македонија. Целта на формирањето на ансамблот претставувала насушна потреба за формирање на институција од овој вид која го одржува, негува, чува и збогатува македонскиот фолкор.