Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Големата црвена точка на Јупитер е супер бура скоро двапати поголема од Земјата, во неа ветриштата се движат со брзини од околу 645км/ч, и е дел од атмосферата на планетата повеќе од 350 години.
Јупитер се наоѓа на скоро 790 милиони километри од Земјата, и многу малку сонди ја имаат посетено планетата, а уште помалку па да летале близу до оваа бура. Поради тоа досега најдобрите фотографии од црвената точка најчесто доаѓаат од вселенскиот телескоп Хабл.
Сега, леталото Juno треба да прелета врз оваа точка на 10-ти јули, а фотографиите кои ќе ги испрати назад ќе бидат досега најблискиот поглед што ќе го имаме врз најголемата бура во нашиот Сончев систем.
Според Скот Болтон, водачот на оваа мисија, сондата Јуно и нејзините научни инструменти кои можат да пенетрираат низ облаците на Јупитер ќе навлезат внатре и ќе пробаат да ги откријат корените на бурата, помагајќи ни да разбереме како оваа огромна бура функционира и што ја прави специјална.
Орбитата на Јуно околу Јупитер е елиптична, и покрај планетата поминува секои 53.5 дена. Кога се доближува, сондата забрзува до брзини од 210 000 км/ч над површината на планетата, што го минимизира времето кое таа го поминува во внатрешноста на појасот на Јупитер каде има радијација која може да ја оштети електрониката, но и го редуцира времето потребно за опсервирање.
NASA планираат да ја уништат сондата во 2018 или 2019 со тоа што ќе ја насочат кон облаците во внатрешноста на Јупитер.