Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонската претставничка на овогодинешното издание на Евросонг, Тамара Тодевска, замина за Израел, каде во Тел Авив ќе ја снима официјалната видеоразгледница во рамки на нејзиното комплетно претставување на овој настан.
Shalom Israel. ❤ I am not a morning person but I am really looking forward to my first trip to Israel to record my Eurovision postcard. Love you all. ❤#teamtamara #proud #esc2019 pic.twitter.com/UhCd0Kz14f
— Tamara Todevska (@TamaraTodevska) March 25, 2019
„Не сум утрински човек, но навистина му се радувам на своето прво патување во Израел, за да ја снимам мојата евровизиска разгледница. Ве сакам сите“, напиша Тодевска на својот профил на социјалната мрежа до својата фотографија од аеродромот.
На овој фестивал Тамара ќе настапи со песната „Proud“, песна што веќе доби голем број позитивни реакции. Таа ќе настапи на 16 мај, во втората полуфинална вечер.