Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Претставничката на нашата земја на музичкиот натпревар „Евровизија“, Тамара Тодевска, со песната „Proud” („Горда”) се пласира во финалето по цели седум години апстиненција на Македонија од учество во финалната евровизиска вечер, откако имаше одличен настап во втората полуфинална вечер на 64. Евровизија, што се одржува во Тел Авив, Израел.
Тамара Тодевска четврти пат учествува на Евровизија, но првпат како солист. Таа настапи под реден број 17, а придружни вокали се Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев. Автори на песната се Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Спотот е во режија на Чедо Поповски.
Финалната вечер од овогодинешното издание на евровизиската манифестација е закажана за 18 мај, сабота.