Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На овогодинешното издание на Евросонг, кое ќе се одржи во Тел Авив, нашата претставничка Тамара Тодевска ќе ја претставува нашата земја под името Република Северна Македонија.
Во известувањето од организаторот во овој контекст, се додава и дека на сите места, како што е делот со информацијата за Македонската телевизија, на пример, досегашната референца „ПЈР Македонија“ ќе биде заменета со Северна Македонија.
МТВ утре ќе објави со која песна Тамара ќе настапи на годинашниот Евросонг.
Последниот македонски претставник што избори пласман на евровизиско финале, беше Калиопи во 2012 година.