Тамара и нејзиниот евровизиски тим пречекани на скопскиот аеродром


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тамара Тодевска и нејзиниот музички евровизиски тим околу полноќ беа пречекани на Меѓународниот аеродром во Скопје од страна на членовите на нивните семејства, бројни обожаватели и претставници на медиумите.

Тамара по пристигнувањето од Тел Авив , каде го освои осмото место , изјави дека е пресреќна. „Очекувавме повеќе , но среќна сум што ве направив горди”, изјави пејачката од бината на скопскиот аеродром пред членовите на својот тим ,како и семејството и бројните обожаватели кои неколку часа чекаа да пристигне.

Поради силниот јужен ветар авионот со кој се враќаа тие доцнеше повеќе од три часа. Тамара се заблагодари и на своите фанови на фејсбук.

Тодевска со песната „Proud“ го освои осмото место во Тел Авив, Израел, што е најдобар пласман за Македонија, откако се натпреварува на „Евровизија“ од 1998 година.