Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во само 6 дена Талибанците освоија 8 провинциски главни градови, оставени од Американците и НАТО да бидат бранети од локалната војска.
Последниот освоен град е Фаизабад, кој е и најголемиот град на северот од земјата и главен град на провинцијата Бадакшан. Пред да започнат со нападот Талибанците го опколиле градот, а по неколкучасовни тешки борби владините сили го напуштиле Фаизабад.
Со падот на Фаизабад, целосниот североисток на Авганистан е под контрола на Талибанците. Бадакшан граничи со Таџикистан, Пакистан и Кина.
Талибанските сили сега контролираат 65% од Авганистан и брзината и ширењето на нивната офанзива искрено ја изненади и владата во Кабул и сојузниците.
По 20 години неуспех да направи што било значително во Авганистан, сега САД им нудат морална поддршка и бодрење на авганистанските власти. Бајден вчера изјави дека не жали за својата одлука да нареди повлекување на американските сили, и им порача на авганистанските лидери дека треба да се борат за својата татковина.
САД и понатаму обезбедуваат храна, опрема и плати за авганистанските сили, плус повремени воздушни напади.
Северот со години беше најмирниот дел од Авганистан во кој имаше минимално присуство на Талибанците. Дури и за време на нивното владеење со земјата од 1996 до 2001, Талибанците никогаш немаа целосна контрола врз Северот на земјата.
Руските медиуми објавуваат дека Талибанците ја преземале и контролата на границата со Таџикистан и Узбекистан. Рускиот министер за одбрана изјавил дека Талибанците ветиле дека нема да ја минуваат границата.
Во исто време дур САД ја снабдува владата во Кабул, Талибанците добиваат засилување и залихи од Пакистан, кој отфрла дека има каква било соработка со нив.
На сосема другата страна на земјата, на југот, битката е за Кандахар, еден од најголемите градови во земјата. Талибанците се обидуваат да стигнат до главниот затвор во градот за да ги ослободат своите соборци. Моментално Кандахар е и бегалски центар, во кој се собрани илјадници цивили од околните места кои бегаат од Талибанците.