Талибанците чекаат мирно предавање на Кабул под нивна власт


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во изјава за Ал-Џезира, портпарол на талибанците апелираше дека милитантите „чекаат мирен трансфер на градот Кабул” откако влегоа во предградија на главниот град на Авганистан.

Сухаил Шахин даде изјава за Ал-Џезира, откако авганистанските власти соопштија дека талибанците се во областите Калакан, Карабаг и Пагман во главниот град.

Во изјава за телевизијата Толо њуз, авганистанскиот минисетр за внатрешни работи нагласи дека талибанците нема да го нападнат Кабул и дека предавањето на власта ќе биде мирно.