Талески: Раул побара да бидеме посигурни во нападот ние тоа го спроведовме


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонија одлично го стартуваше Европското првенство Загреб, совладана беше селекцијата која на последното Светско првенство го освои третото место.

Еден од најважните голови во натпреварот секако беше оној на момчето кое се очекува да блесне на ова Европско првенство, Филип Талески, на неколку секунди пред крајот на полувремето.

„Детето на Металург“, откри и каква порака добиле од шпанскиот стратег Раул Гонзалес на полувремето, но и според него неговиот погодок бил еден од најважните на средбата.

„Стартувавме лошо, промашувавме, а тие го имаа одличниот Скок на голот, мислам дека мојот гол во последните секунди од првиот дел беше еден од клучните моменти. Во продолжение се консолидиравме и успеавме на паркетот да ги спроведеме замислите на нашиот селектор. Раул од нас побара да играме во ист ритам, но со дополнување да бидеме посигурни во завршницата. Во второто полувреме ние тоа и го направивме, а секако имавме и помош од нашите голмани кои во овој период беа одлични“, изјави Талески.