Талат пресретнат од „За зедничка Македониј“ – исвиркан и вратен назад (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пратеникот на ДУИ Талат Џафери денеска случајно се сретна и не успеа да ги избегне со своето возило демонстрантите од „За заедничка Македонија“ кои се нафрлија на него со навреди, пцости и свирежи по што се врати назад.

Порталите блиски до ВМРО-ДПМНЕ го објавија видеото од овој настан, но избришани се деловите каде што Џафери се навредува и пцуе. Првично објавеното видео на ФБ на некои профили, кое потоа го снема, содржеше навреди по етничка линија, но и пцости упатени кон Џафери.

Курир под наслов „Нема да помине, провокаторот Талат Џафери исвиркан и вратен назад“ пренесува дека народот одлучно одговорил на ваквите провокации и со негодувања и свирежи го вратил назад Џафери.