Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска со писмо го известил претседателот на државата Ѓорге Иванов дека е формирано парламентарно мнозинство и дека е избран претседател на Собрание на Република Македонија, соопштија од кабинетот на Џафери.
Тој очекува дека претседателот на државата да постапи според уставот на Република Македонија и да го додели мандатот за формирање влада на мнозинството во Собранието.
Џафери денеска е во прва официјална посета на Брисел. Според агендата предвидено е тој да се сретне со комесарот за добрососедска политика и проширување, Јоханес Хан и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини. Предвидено е во Брисел, Џафери да се сретне и со претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани како и европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн.