Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, во контекст на денешните апсења на осомничените за крвавите случувања на 27 април во собраниските простории, изјави дека не се испочитувани пропишаните процедури при денешното апсење на пратениците осомничени за насилствата на 27 април, со оглед на тоа што пратениците имаат имунитет.
„Во контекст на процедурите кои се пропишани со Устав и со Деловникот за работа на Собранието, сметам дека има дилеми по однос на почитувањето или непочитувањето докрај на соодветната процедура апропо одредбите од член 64 од Уставот каде е стриктно прецизирано дека пратеник не може да се лиши од слобода без одобрение на Собранието. Оваа одредба потоа ја прецизира Деловникот во деловите од членот 53 до 59 во сите аспекти на спроведувањето на таа одлука на Обвинителството. Во тој контекст сметам дека не се докрај испочитувани процедурите“, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери, кој е во посета на Шведска.
Пратениците Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски, поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и уште 30 други луѓе се под истрага за насилствата. Се сомничат за „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Во судот веќе се распитуваат осомничените, од кои дел беа донесени со лисици на рацете.
Претседателот на Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски денеска изјави дека до овој момент до Собранието не е пристигнат никаков допис од Судот со барање за повлекување на имунитет на пратеници.