Талат Џафери открива: Пратеници од СДСМ не дадоа поддршка за Законот за јазици


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На вчерашната собраниска расправа за Законот за јазици пропадна уште еден обид да се продолжи процедурата на носење на Законот за употреба на јазиците кој не беше изгласан.

Собранискиот спикер Талат Џафери открива дека токму пратеници на СДСМ од парламентарното мнозинство не дале своја поддршка за законот и немало доволно гласови за да продолжи постапката.

Џафери е подготвен да закаже уште една седница на која директно ќе се гласа за донесување на Законот за употреба на јазиците без притоа да се прифати разгледување на 35 илјади амандмани кои опозицијата ги поднесе. Според него ВМРО-ДПМНЕ ќе има право на процедурална забелешка, но Собранието не смее да биде заложник за никого.

Што се однесува до стабилноста на коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ, Џафери вели дека нема простор за загриженост, односно дека Законот за употреба на јазиците ќе биде конечно донесен ќе се соберат доволно гласови и дека тоа што е градено долг период ќе се оствари без оглед на сегашните пречки.

Затоа коалицијата СДСМ-ДУИ се уште не е загрозена и ќе продолжат сите процеси кои парламентарното мнозинство ги има во Собранието, а од кои зависи и функционирањето и поддршката за самата Влада на премиерот Заев.