Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на средба со новинарите изјави дека од денес собраниските седници со пратенички прашања ќе ги води на албански јазик. Ваква можност нуди новодонесениот закон за јазици кој веќе е во сила.
Во однос на парламентарните избори, Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе чека договор меѓу партиите за да ја стави на дневен ред иницијативата за распуштање на Собранието и организирање предвремени избори, што ја достави опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тој смета дека е нецелисходно да ја стави како точка на дневен ред само колку за да има дискусија.
„Потребен е 61 потпис за распуштање на Собранието, а треба да се обезбеди и 100 дена техничка влада пред одржување на изборите“, рече Џафери за време на брифингот со новинарите. Според негова проценка, во моментов не се потребни предвремени парламентарни избори.
Во однос на претседателските, остануваат веќе договорените датуми за распишување на изборите. 8 февруари ќе се распишат, 21 април прв круг, 5 мај втор круг. Џафери вели дека е подготевн ако нема цензус на изборите и не се избере шеф на државата, тој да ја извршува функцијата прв човек на државата.