Талат Џафери: „Не очекував дека Груевски е во таква психолошка состојба“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во своето синоќешно гостување на телевизија Канал 5, Талат Џафери коментираше дека бил подготвен за одредена реакција од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на денот и чинот на гласањето за Законот за јазиците, но призна дека не очекувал таква реакција од Никола Груевски.

„Јас очекував дека ќе има реакција од ВМРО-ДПМНЕ. Не очекував дека Никола Груевски е дојден во таква психолошка ситуација на таков начин како поранешен премиер , 11 години ја водел оваа држава, како премиер од чија влада сум бил министер, избран со негово мнозинство пратеници, како претседател на една сериозна политичка партија која владеела со државата, да се однесува на таков начин не сум претпоставувал ни во сон. Но, уште претходно од пратениците од мнозинството побарав никој од нив да не станува од место, што и да се случи во салата, зашто тоа не е нивна работи. Тие не ги расчистуваат тие работи. Работа на претседателот на Собранието е да воспостави ред во собраниската сала и тој одлучува на кој начин ќе го направи тоа. Јас одлучив што и да се случува околу мене, јас да не бидам дел од тоа“, рече Џафери.