Талат Џафери го потпиша Законот за јазици и го испрати во Службен весник


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Доцна синоќа, претседателот на Собранието, Талат Џафери, го потпиша Законот за јазици, со кој албанскиот јазик ќе стане втор официјален во земјава.

Со потписот Џафери го испрати законот во Службен весник на објавување а откако ќе се објави стапува на сила. Oд Службен весник, пак, потврдија дека Законот за јазици, заедно со уставните измени за имплементација на Преспанскиот договор, веќе се објавени во службеното гласило.

Џафери на својот Фејсбук објави фотографија од неговиот кабинет како го потпишува тој закон и под фотката напиша на албански и македонски јазик: „Законот за употреба на јзиците и во Службен весник“.

Уште во октомври Џафери рече дека Законот за јазици ќе биде објавен во Службен весник.

„Тоа не е прашање на моите ветувања, тоа е прашање на моите уставни обврски. Независно кога тоа ќе се случи“, рече тогаш Џафери.

Законот за јазици, кој е усвоен пред година дена, е пратен во Службен весник но без потпис на шефот на државата Ѓорге Иванов, кој од тогаш одбива да го потпише затоа што смета дека е противуставен.

Иванов двапати одби да го потпише Законот за употреба на јазиците кој парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ, со поддршка на албанските опозиции и без присуство на пратениците на ВМРО ДПМНЕ , прв пат го изгласа на 11 јануари минатата година, а втор пат на 14 март.

Опозицијата во понеделникот соопшти дека објавувањето на Законот за јазици во Службен весник без потпис на Иванов е „кривично дело кое не застарува и за кое следува казна затвор“.