Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Собранискиот претседател во заминување, Талат Џафери, објави дека синоќа го потпишал Решението за изменување и дополнување на Решението за распишување на предвремените
избори на 15 јули.
Истото е архивирано и пратено до Државната Изборна Комисија (ДИК), до Министерството за надворешни работи (МНР) и Министерството за правда со што се запазуваат роковите за деновите утврдени во Уставот, се наведува во соопштението на собранискиот претседател во заминување, Талат Џафери.
„Со оглед дека наметнатите и неприродни услови со Ковид-19 го одложија спроведувањето на предвремените парламентарни избори на 12 април, сега имаме нова ситуација. Како што е веќе познато, политичките лидери во Република Северна Македонија постигнаа договор за консензуален датум на избори на 15 јули. Овие избори ќе бидат невообичаени по тоа што ќе нема вообичаена изборна кампања, меѓутоа, она што е поважно и на кое ќе мора сите да се придржуваме на најдисциплиниран начин се мерките и препораките на Министерството за здравство, со цел да се заштити здравјето и животот на граѓаните“, порача Џафери во дописот до јавноста.