Така се прави тоа по светот: Со петчасовно работно време профит од 9 милиони долари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Стивен Арстол, сопственик на американската компанија Tower Paddle Boards, која за минатата година беше прогласена за најбрзорастечка компанија во Сан Диего, пред помалку од една година воведе 5 часовно работно време, за да можат работниците да си одат дома уште пред ручек.

“Мојата компанија се одлучи да работи на друг начин. Ние сме во бизнисот со продажба на “стоечки”даски за веслање, па скратеното работно време и слободните попладниња за вработените се совршен спој со нашиот бизнис.

Се одлучивме да воведеме 5 часовно работно време, од 8 часот наутро до 13 часот попладне. Бидејќи ручекот и така трае саат време, ние уствари го скративме работното време само за два саати. Нашите вработени НЕ СЕ платени помалку, јас и понатака од нив очекувам двојно поголема продуктивност од просечниот работник”, тврди Арстол.

Резултатите кажува тој, беа неверојатни.

Минатата година беа прогласени за најбрзо растечка приватна компанија во Сан Диего. Тимот од девет вработени, оваа година ќе оствари девет милиони долари приход, пишува Business Insider.