Тајсон лупа јако и на 55 години


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Мајк Тајсон, кој важи за еден од најдобрите боксери во историјата, не запира со напорните и исцрпувачки тренинзи и на 55 години.

И покрај тоа што има 55 години, изгледа не сака да излезе од форма во која влезе за ревијалниот натпревар против Рој Џонс минатата година. На својот профил на Инстаграм, Ајрон Мајк објави видео во кое буквално ги уништува фокусите што ги држи Рафаел Кордеиро, еден од најпознатите светски тренери за борење.

Тајсон цитира песна од хип-хоп дуото Моб Дип покрај пораката: “Не ме терај да ти вадам имиња. Твојата екипа е перолесна, ќе левитираш од моите удари”.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mike Tyson (@miketyson)