Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фарма со канабис лоцирана во Калифорнија е најновата пасија и бизнис инвестиција на славниот поранешен боксерски шампион Мајк Тајсон.
Фармата наскоро ќе биде отворена за посетители, кои ќе може да се запознаат со штетноста и користа од марихуна во медицински цели.
Боксерот најави и истражувања за да се искористи марихуаната што подобро за емдицински цели. Фармата се протега на 1,6 квадратни киломтри во јужна Калифорнија , а веќе таму се одржа музички фестивал , кој го организираше Тајсон со својот деловен партнер, Роб Хикман.
Во радио емисија, тој ги шокира своите фанови кога призна дека месечно пушат марихуна во вредност од 40 000 долари.
53-годишниот Тајсон се изрази во множина , па таблоидите претпоставуваат дека станува збор за сума испушена со пријателите или членовите на домаќинството.
Но , без оглед на шокантната изјава , Тајсон вели дека годишно заработува и по половина милион долари од продажбата на канабис за медицински цели , чие производство е дозволено во Калифорнија.