Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Американскиот генерал Мајк Мајли, началникот на здружениот генералштаб на американската војска, минатата недела го посети тајниот аеродром во близина на украинската граница кој стана центар за испорака на оружје, соопшти претставник на министерството за одбрана на САД. Тој од прва рака ги видел напорите оружјето да влезе во Украина среде руската инвазија, пишува Си-ен-ен.
Додека бил на аеродромот Мајли се сретнал со војниците и персоналот и ги проверил активностите околу пратките, кажа претставникот на Пентагон. Ова место во последните недели врие од активности, со по неколку летови секој ден, некогаш и дури до 17 лета дневно.
Локацијата на аеродромот останува тајна за заштита на пратките оружје, вклучувајќи ги ракетите кои пристигнуваат во Украина. Руската војска не ги гаѓа овие пратки кога ќе влезат во Украина, кажа функционерот, но постои одредена загриженост дека Русија би можела да почне да ги цели пратките со напредувањето на нејзините напади.
САД и други членки на НАТО до сега ѝ испратиле десетици илјади противтенковски проектили и илјадници противвоздушни проектили „стингер“.
Откако па дури и пред да почне руската инвазија минатиот месец, небото над Европа било исполнето со воени товарни авиони на САД и други НАТО членки, особено со Ц-17. Летовите преместува трупи долж источното крило на воениот пакт, но и оружје до премините каде може да ѝ се испорача на Украина. Темпото на летовите се зголемило.
Американската европска команда е во центарот на масовната операција на испорака, користејќи ја својата мрежа на сојузници и партнери за координација во „реално време“ за испраќање материјали во Украина, изјави друг извор од Пентагон.
Еуком исто така координира со други земји, вклучувајќи ја Британија во смисла на испораките „за да обезбеди максимално ефикасно користење на ресурсите за поддршка на Украинците на организиран начин“, кажал изворот.
Откако почна руската инвазија на Украина, 14 држави испратиле воена помош на Украина, соопштил функционерот, дел од кои ретко испраќале толку значајна опрема претходно.
Според изворот, „огромно мнозинство“ од пакетите американска воена помош вредни 350 милиони долари веќе ѝ се испорачани на Украина, десетина дена откако тоа официјално го одобри Белата куќа.
На Украинците им се испраќа опрема за која тие веќе минале обука, на крајот на декември и на почетокот на јануари.
Брзината со која САД сега ѝ испорачуваат оружје на Украина е драматично поголема отколку пред само два месеци. Поголемиот дел од пакетот од 200 милиони долари одобрен на крајот на декември е испорачан во рок од еден месец, иако дел од муницијата допрва треба да биде испорачан, кажал изворот.
Во меѓувреме, комплетниот пакет од 350 милиони долари, кој претставникот на Пентагон го опишал како најголем во историјата, би требало комплетно да биде испорачан во рок од неколку недели.