Тајната на злобниот поглед: Урокливост, магија или негативна сугестија – еве што вели науката


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ова верување не е распространето само кај примитивните племиња, туку и во цивилизираните земји, речиси насекаде низ светот. Во цела Европа, во Азија, во африканските џунгли, кај американските индијанци, како и на Мадагаскар.

Научниците велат дека „урочувањето“ всушност говори за еден феномен: штом личноста се концентрира на нешто или некој, веднаш стапува во енергетско-информациски контакт, а не е ни свесна за тоа. Меѓу луѓето тогаш настанува невидливо „цевче“ низ кое тие добиваат информации од другите и ги даваат своите.

Таквиот контакт може да биде исцелувачки, но и со тешки последици, бидејќи од најдобри побуди, може да внесе хаос во туѓиот организам, во областа на мислите и во неговиот внатрешен „систем за управување“.

Дали тоа навистина има врска со погледот и очите?

Биоенергетичарите сметаат дека погледот е особено опасно убиствено оружје. Велат дека тој е своевидно остро шило кое може не само невидливо да ја изгребе туѓата „кожа“, туку и да продре во внатрешноста на организмот и на тој начин да го оштети. Таквото енергетско влијание не е опасно за здрава возрасна личност. Таквата личност поседува невидлива заштитна обвивка слична на оклоп, која како друга кожа ги прима врз себе сите енергетски влијанија – ги прифаќа корисните и штити од штетните.

Особено чувствителна биоактивна зона се очите. Докажано е дека ирисот од окото е поврзан со сите внатрешни органи. До ова откритие е дојдено во ’60-те години од минатиот век, а до истото, независно еден од друг, дошле И. Пекели и Н. Лилквист.

Интересна е историјата на тоа откритие, кое всушност се случило во една шума, каде унгарското момче Игнац се обидео да дофати гнездо од був. Бувот храбро се борел за да го одбрани своето потомство. Краткиот судир завршил со скршена нога на бувот. Во тој миг на жолтиот ирис од окото на птицата се појавила црна линија. Напаѓачот бил толку трогнат што тоа го запамтил за цел живот. Ова момче било идниот научник и познат лекар Пекели.

Благодарение на откритието за проекциските зони на ирисот, дијагностицирањето на заболувања според очите денес не е привилегија само на традиционалната медицина. Иридодијагностиката често се користи во современата медицина.

Кај заболување на одреден орган одговарачката проекција ја менува бојата на ирисот – на почетокот од заболувањето станува посветла, како да го зголемува исцелувачкиот проток на светлината во соодветниот организам, а во хронична фаза станува темна.