Тајната на нацистичкиот ковчег – откриени мистериозни черепи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откривањето на нацистичкиот ковчег ги разгоре расправите за вонземјаните откако беше утврдено дека во него се наоѓаат два черепи кои не можат да се идентификуваат кому точно му припаѓале. Ковчегот е со ознака од нацистичкиот Институт Ахненарбе, пронајден во руралниот дел од јужна Русија.

Во селото Каменомотски, Република Адигеји, на југот на Русија, за време на едно археолошко ископување беше пронајден ковчег со амблем од Третиот Рајх, пренесува Daily Star. Во ковчегот беа пронајдени два черепи кои ги збунија научниците. Станува збор за черепи без вилици, челна коска и без тил.

Игор Огај, шеф на регионалната организација Руско географско друштво, за Interfax изјави дека истите му ги покажале на научникот Владимир Меликов, кој заклучил дека „потсетуваат на вонземски черепи“. Остатоците во една пештера ги пронашол тим од научници уште пред две години, но откритието стана интересно и интригантно кога беше утврдено дека на ковчегот се наоѓа знакот на Ахненарбе.

Станува збор за нацистичката научна институција која ја основаше Хајнрих Химлер во 1935 година, чија задача беше афирмација на „културната историја на ариевската раса“, односно имаше задача да бара и да најде докази дека ариевската раса е „митолошка нордиска раса, која е окарактеризирана со светла кожа, руса коса и сини очи“, која некогаш владеела со светот.

Но, „институтот“ набрзо почна да се занимава со истражување на паранормалното и окултното, па теоретичарите на заговори веднаш донесоа заклучок дека черепите се доказ оти нацистите имале контакт со вонземјаните.

Што Ахненарбе воопшто правел во оваа област? Огај верува дека биле заинтересирани за адигејските гробници, стари неколку илјади години.

„Она што ги поврзува черепите со активностите на Ахненарбе, тешко може да се дефинира“, вели тој. „Но, фактот дека ги интересирале места со посебно моќна енергија, како и гробници е непобитен. Всушност, вакви слични има и на германска почва“.

Руските археолози тврдат дека остатоците немаат никаква врска со вонземјани и дека најверојатно станува збор за черепи од овни кои водата и речните камења во голема мера ги деформирале и ги исфрлиле на брегот. Слични черепи на тоа подрачје се откриени и оваа година.