Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Не дека само заради тоа што ќе стане нов член на британското кралско семејство, туку и од пред тоа, заради убавината, одржаноста и привлечноста, славната Меган Маркл го одржуваше и уште го одржува својот младешки изглед. Сега таа ја открива и својата „тајна“ за нежната и фина кожа.
Како и сите жени кои ја наполниле својата 36-та година и таа ги чувствува ефектите на стареењето на своето лице кои ја менуваат неговата форма. Сепак, Маркл не потклекнува под нив и прави сè за да го задржи својот младолик изглед.
Како едно од најмоќните оружја против стареењето таа ја препорачува јогата за лице.
„Правам вежби на лицето од еден од моите омилени естетичари. Можам да се заколнам дека функционира, иако тоа звучи глупаво. Во деновите кога ги правам моите контури се многу повеќе извајани и затегнати“, тврди познатата актерка.
Всушност практиката за тонирање на мускулите на лицето со години е позната, а за неа посебна заслуга има Анелис Хаген, инструкторка по јога од Њујорк која неодамна објави и книга за јогата наменета за лице.
Анелис во својата книга јогата ја претставува како алтернативен начин за справувањето со стареењето кој жените можат да го прават во секое време и насекаде, а трае само неколку минути.
Таа тврди дека на почетокот постоеле сомневања во врска со подмладувањето преку јога и најчесто тие доаѓале од светот на пластичната хирургија, но денес се повеќе жени се обидуваат преку јогата да дојдат до посакуваната цел што е голем успех за неа. Исто така вели дека е пресреќна што Меган Маркл е дел од оние кои ја прифаќаат.