Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со цел спречување на ширењето на заразата од коронавирус, тајландските власти воведоа рестриктивни мерки за карантин на островот Пукет кој стана жариште на епидемијата во оваа егзотична земја.
Со 170 потврдени случаи на Ковид -19, овој остров на кој живеат 400.000 жители, има најголема стапка на инфекции од сите 77 провинции на Тајланд.
Затоа владата ги прошири рестрикциите, така што Пукет е првата тајландска провинција која воведува целосен карантин во сите области.
Меѓународниот аеродром на Пукет сега е затворен за комерцијални летови до 30 април, затворени се и пристаништата кои се отвораат само за доставување на неопходната стока.
Сите плажи се затворени на неодредено време, како и рестораните, баровите, и продавниците со прехранбени производи.
Сите на островот, според одлуката на владата мора да носат маски кога ќе излезат од дома, а полицискиот час е на сила од 22 часот до 4 часот наутро.
Менаџерот на консултантската фирма Ц9 Хотелворкс, Бил Барнет вели дека се затворени околу 80 отсто од сите хотели на островот, наведувајќи дека на Пукет има 88.000 хотелски соби.
„Бев овде во текот на цунамито и епидемијата на САРС, но вакво нешто никогаш немало“, рече тој за Си Ен Ен Травел.