„Тајлајтинг“ – нов естетски тренд кој го тресе Холивуд


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новиот тренд поврзан со естетската телесна корекција кој почнува да го тресе Холивуд е уште еден доказ дека перцепцијата и стандардите за физичката убавина и изглед не планираат да запрат на нивото на кое моментално се наоѓаат.

Тајлајтинг (Thighlighting) е најновата естетска корекција во американските и британските клиники за естетска хирургија, на која се подложуваат жени кои сакаат да имаат мазни, затегнати и обликувани нозе како Бела Хадид, Џенифер Лопез, Кендал Џенер.

Оваа операција им овозможува на клиентките потполна промена на изгледот на ногата, а може да вклучи и голем број болни и инвазивни операции.

Додека другите хируршки процедури најчесто се однесуваат на регулирање на обемот на ногата, тајлајтинг се состои од комбинација на повеќе зафати како што е менување на обемот на бутот, зголемување на потколеницата со импланти, контурирање на внатрешноста и липосукција.

Пластичниот хирург Габриел Чиу од Беверли Хилс објаснува дека овој тренд е инспириран од познатите дами како Анџелина Џоли и Кендал Џенер, кои најчесто носат елегантни фустани со височници.

Очекувано, овој третман воопшто не е евтин. Во зависност од техниката која се користи, оваа процедура чини околу 7 илјади фунти.