Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога во 2010 година рускиот милијардер Михаил Прохоров го купи кошаркарскиот НБА тим Њу Џерски Нетс и веднаш потоа ги пресели во Бруклин, вети дека ќе се ожени ако неговиот тим ја освои НБА титулата во следните пет години.
Нетси не успеаја да ја освојат титулата до оваа година, а Прохоров и денес остана неженет, но далеку побогат по продажбата на франшизата на Нетси. Во 2010 година, Прохоров купил 80% од акциите на Нетс, а во 2015 година преостанатите 20%.
Пред две години, 49% му продаде на тајванскиот милијардер Џозеф Цаи за една милијарда долари, а сега преостанатите 51% за дополнителни 1,35 милијарди американски долари, а продажбата ќе биде направена до почетокот на сезоната 2021/22.
Така, Прохоров доби вкупно 2,35 милијарди, а Нетс станаа најскапата американска спортска франшиза во историјата. Рекордот досега го држеа Хјустон Рокитс и тимот на НФЛ од Каролина , Пантерс, кои беа продадени за по 2,2 милијарди.
Милијардерот Цаи е 55-годишен ко-основач и ко-претседател на „Алибаба“, глобално позната компанија за е-трговија, проценета на 10,2 милијарди долари.