Тајчи проговори за сексуалната злоупотреба: „Не бев заштитена од моќните, алчни мажи“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


После статијата во New York Times во која повеќе жени го обвинија холивудскиот моќник Харви Вајнстин за сексуална злоупотреба, се огласија и голем број познати актерки кои доживеале исти или слични трауматични искуства.

Набрзо, бран од искрени исповеди се прошири по социјалните мреж, во кои бројна група непознати жени под хаштагот #metoo ги опишаа своите искуства. Меѓу нив се најде и некогаш југословенската мегаѕвезда Тамара Камерон, на нашите простори позната како Тајчи.

A post shared by Tajci (@tajcicameron) on

„Кога бев најголема ѕвезда во Хрватска, направија кукла во моја чест. Се плашев од таа кукла, бидејќи мислев дека на другите девојки им праќа порака дека треба само да молчат, смешкаат и да дозволуваат други да ги управуваат, за да дотуркаат далеку во животот. Ниту пари, ниту славата можеа да ми ги затворат очите пред она што се случуваше околу мене. Сето тоа, како тинејџерка, целосно ме скрши, имав чувство дека не можам да се заштитам од моќните, алчни мажи. Оставив сè за да оздравам и да најдам начин да го запрам манипулирањето базирано на страв и злоупотреба на моќ“, напиша Тајчи.

A post shared by Tajci (@tajcicameron) on

Со децении јавноста нагаѓаше зошто Тајчи на врвот од својата слава ја напушти Хрватска.