Тага во Англија: Почина поранешен репрезентативец, доби инфаркт на тренинг!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поранешниот англиски репрезентативец, Уго Ехиогу почина рано утрово од срцев удар кој го доби претходниот ден на тренингот на младиот тим на Тотенхем.

Некогашната ѕвезда на Астон Вила, Мидлзброу и Ренџерс колабираше на теренот претходниот ден и итно беше пренесен во болница, но неговото срце не издржа и тој на 44 годишна возраст го напушти овој свет.

„Со голема жал соопштуваме дека нашиот тренер на тимот до 23 години Уго Ехиогу почина”, се вели, меѓу другото, во официјалното соопштение од Тотенхем.

Тој во својат фудбалски живот четири пати го носеше дресот на нациналниот тим, а во кариерата најголем успех постигна со Астон Вила каде два пати во освои Лига Купот.