Снимката на која се гледа како една калуѓерка му се нафрли на климатски активист и го соборува на земја стана хит на социјалните мрежи. Имено, нова црква се гради во Сен Пјер де Колумбие во Ардеш, Франција, а еколошките активисти се обидоа да ја спречат изградбата, поради што во текот на ноќта неколку часни сестри пристигнаа да го бранат градилиштето. …