Таен број на личната карта: Вака југословенската милиција знаела сè за секој граѓанин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако некои од вас поседувале лична карта издадена од Социјалистичка Федеративна Република Југославија и уште ја чуваат, слободно можат да го проверат овој факт и податок.

Во тие лични карти се наоѓа една информација која се однесувала на оној кој ја поседува, за која никој во Југославија не знаел дека посто (освен, секако, милицијата).

На старите југословенски лични карти, на самиот долен дел од првата (лева) и втората (десна) страна постоеше црвен број составен од идентични цифри испишани на двете страни од личниот идентификациски документ.

Но, доколку последната цифра од бројот на првата страна се разликува од последната цифра од бројот на втората страна, тоа значи дека личноста која ја поседува таа лична карта била кривично осудувана онолку пати колку што изнесува разликата помеѓу двете споменати цифри.

Во бившата држава, оваа бројка, пред сè на полицијата, а потоа и на другите државни органи и служби им давала од старт на увид доволно важна информација за граѓаните без тие да мора дополнително да се распрашуваат за тоа.