Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
После пропагандните фотографии на кои јадеше во работничка менза, студентски дом, и киосци за сендвичи и тостови, со цел да работи популистички на својот имиџ, македонскиот премиер Димитар Ковачевски вчера отиде на куќната слава „Свети Никола Чудотворец“ кај семејството Спасовски во Пробиштип.
– Големиот празник Свети Никола го одбележавме заедно со семејството Спасовски во Пробиштип. Задоволство е да се биде со ова прекрасно семејство со трпеза полна со превкусни посни јадења и срце љубов полно за сите. Честита слава на сите кои го празнуваат Свети Никола Чудотворец – напиша Ковачевски на Фејсбук.
Македонска традиција е на ќуќна слава да се оди со сопругата и семејството, но премиерот Ковачевски во случајов на слава отишол сам.