Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Специјалното јавно обвинителство отвори четири нови истраги против четири лица за финансиски криминал .
Како што рече Обвинителката Катица Јанева, СЈО обезбедило материјални и вербални докази со кои според нив ќе се утврди на кој начин се перени пари во буџетот на Република Македонија и како овие пари завршувале во џебовите на функцинери на власта.
Првата истрага се води под кодно име Табла, втората истрага под кодно име Триста, третата истрага под име Тотал, а четвртата истрага се води под кодно име Тифани.
Во случајот Табла се сомничи директор на основно училиште во село Зајас, а последните два случаи се однесуваат на даночно затајување.