Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
24-годишната Ари Кала од Австралија тврди дека може да намириса кога доаѓа смртта.
Своето „шесто чуло“ го открила уште како дете, кога имала само 12 години.Тогаш кај својот вујко почувствувала „болен и сладок мирис“ кој никој друг не го чувствувал.
„Вечерта пред да почине, почувствував болен, сладок мирис во неговата куќа. Мислев дека тоа е мирис на некоја оставена храна, но подоцна сфатив дека тоа е мирисот на смртта. Од тогаш повеќепати го почувствував тој мирис кај луѓето кои беа во терминална фаза од болеста или кај оние кои се многу стари“, вели Ари и додава дека нејзиниот дар е бескорисен со оглед на тоа дека не може да направи ништо за луѓето да се спасат.
Иако со сигурност може да предвиди кога некој ќе умре, Ари вели дека тоа не им го кажува на луѓето.
„Тој дар ми е како некој вид на проклетство. Повеќепати сум сакала да им кажам на луѓето што чувствувам, но потоа сфатив дека тоа не е моја должност. Мојот дар е бескорисен, никому не можам да му помогнам. Замислете да му пријдам на странец и да му кажам дека наскоро ќе почине, а дека тој не е ниту свесен. Тоа би била катастрофа. Не е на мене да се мешам во нивната судбина“, смета Ари која неодамна дала отказ во една адвокатска канцеларија за да се посвети на своите видовити спосовности.